Бајрон Скот доби отказ од ЛА Лејкерс

0

Досегашниот тренер на ЛА Лејкерс Бајрон Скот во следната сезона нема да биде на клупата на оваа екипа откако раководството на тимот се одлучи да се раздели од овој стратег, кој како играч со оваа екипа имаше освоено три титули, но беше далеку од повторување на таков успех и како тренер.

Скот го водеше тимот во изминативе двете сезони што всушност се најслаби во клупската историја, остварувајќи скор од само 38 победи од кои 17 беа оваа сезна и 126 порази (65 од нив оваа сезона), а во ситуација кога треба целосно да се сврти нов лист по пензионирањето на Коби Брајант, челниците на клубот се решија да побараат нов шеф на стручниот штаб.

„Ја сакам оваа работа и секако дека би сакал да имам можност да ги променам работите на подобро. Сепак, го разбирам начинот на функционирање во нашата работа, се бројат победите и поразите, а тие бројки дефинитивно не беа на моја страна“ изјави Бајрон Скот.

Според најавата на медиумите во САД главни кандидати за наследник на Скоот беа Том Тибодо и Скот Брукс, но овие двајца изминатите десетина дена си најдоа ангажмани, Тибодо се пресели во Минесота, додека Брукс стана прв тренер во Вашингтон. Токму тоа сега го отвара прашањето кој ќе биде новиот тренер на „езерџиите“.

Share.

Leave A Reply