Вест Хем со Јувентус на новиот „дом“

0

Англискиот Вест Хем ќе го одбележи преместување на Олимпискиот стадион во Лондон со пријателски натпревар против италијанскиот гигант Јувентус, објави официјалниот сајт на „чеканите”.

Како што е познато, Вест Хем го напушта легендарниот дом „Аптон Парк” на крајот на сезоната. Натпреварот против „бјанконерите” ќе биде една недела пред почетокот на шампионатот во Премиер лигата. Дуелот ќе се одржи на 7 август и ќе биде за дел од еден турнир.

„Радосни сме дека во таков значаен ден за историјата на Вест Хем ќе пречекаме еден од најголемите клубови во светот во нашиот нов фантастичен дом. Сакаме да го наполниме Олимпискиот стадион – натпревар против Јувентес може да привлече 60 000 гледачи на трибините”, објавија сопствениците на Вест Хем, Дејвид Саливан и Дејвид Голд.

Share.

Leave A Reply