Во Рома оптимисти, Пјаниќ купува куќа во Рим

0

Фудбалерот на Рома Миралем Пјаниќ бара да купи куќа во Рим, што ги смири навивачите на клубот. Како што е познато Босанецот е посакуван од неколку клубови, меѓу кои Реал Мадрид, Барселона и Челзи.

„Волчицата” пак ќе проба да потпише нов договор со него. Пјаниќ, Раџа Наинголан и Костас Манолас се најпосакуваните играчи на Рома, за тројцата се зборува дека ќе бидат атрактивни на трансфер пазарот следното лето.

Во Италија се проговори дека претседателот на клубот Џејмс Палота може да се предомисли од очекуваните големи пари со кои може да среди дел од долговите. „Газета дело Спорт”, сепак напиша денеска дека Пјаниќ бара куќа во Рим, што значи дека нема планови да го напушти клубот.

Share.

Leave A Reply