Одржан 12-от Традиционален Полумаратон – Трчаме кон целта

0

Атлетскиот Маратон клуб Делта-Скопје во текот на викендот го организираше 12-от Традиционален Полумаратон -Трчаме кон целта.

Во рамки на истиот се одржаа трките на 5км и детската трка на 1км. Во одличан организација учествуваа повеќе од 250 атлетичари рекреативци и љубители на трчањето. Исто така АФМ Поединечното првенство на Македонија во полумаратон за сениори- сениорки за 2017 година, го организираше во рамките на полумаратонската трка.

Победници на Полумаратонот- Трчаме кон целта а воедно и државни победници се:

мажи
1 место Дарио Ивановски АК Работнички (1.11.27 ), рекорд на патека
2 место Кокан Ајановски АК Нике Рун (1.13.05)
3 место Атанас Анчевски АК Делта ( 1.13.22)

жени
1 место Андријана Поп Арсова АК Делта (1.28.16)
2 место Весна Кираџиева АК Индјуранс (1.32.37)
3 место Миљана Ристиќ АК Нике Рун (1.35.32)

Победници на трката на 5 км во рамките на Трчаме кон целта се

мажи
1 место Леонид Вандевски АК Џамбазовски (16.45)
2 место Кристијан Китанов АК Брегалница (17.23)
3 место Кристиан Стојани АК Олимп (17.29)

жени
1 место Марија Стојановска АК Делта (20.00)
2 место Сузана Минов АК Делта (21.37)
3 место Антонија Брезовска – 091 Рун (23.55)

 

Share.

Leave A Reply