13 години ваш спортски пријател – Спортско радио 90.3 фм

0

13 години ваш верен пријател во спортот. Спортското радио 90.3 фм денеска го прославува својот 13-ти роденден. На денешен ден, полни со ентузијазам за нови предизвици, направивме голем чекор, кој ни донесе испишување на една нова историја. Како единствено спортско радио во регионот, секојдневно се трудиме да го задржиме нашето место под медиумското небо, обезбедувајќи квалитетен аудио производ.

Ова е просторот во кој многумина најдоа свој верен придружник во деновите кога се одигруваат најважните спортски настани на планетава. Се трудиме на ова место да ги донесеме во живо и најголемите спортски случувања за македонскиот спорт и сето тоа со една цел – да овозможиме брз, навремен и објективен пристап до случувањата во спортот кај нас.

Денеска одбележуваме уште еден голем ден за радиото и за спортот. Да си посакаме уште многу успешни години заедно.

Share.

Leave A Reply