14 години – Спортско радио 90.3 фм

0

Спортското радио 90.3 фм, како единствено специјализирано спортско радио во регионот, денеска, 22 февруари одбележува уште една успешно завршена етапа од нашата мисија, да го доближиме спортот до сите генерации.

Мала, но одбрана екипа, полна со ентузијазам за нови предизвици, пред 14 години го направи големиот чекор и успеа да заживее една нова традиција. Како единствено спортско радио во регионот, секојдневно се трудиме да го задржиме нашето место под медиумското небо, обезбедувајќи квалитетен аудио производ во симбиоза од спорт и популарна музика.

Ова е просторот во кој многумина најдоа свој верен придружник во деновите кога се одигруваат најважните спортски настани на планетава. Се трудиме на ова место да ги донесеме во живо и најголемите спортски случувања за македонскиот спорт и сето тоа со една цел – да овозможиме брз, навремен и објективен пристап до случувањата во спортот кај нас. Во мисија да обединиме, да афирмираме и да поттикнеме младите да се занимаваат со спорт, се трудиме да одвоиме голем простор и за оние кои допрва чекорат кон спортските, шампионските височини. Затоа овие 14 години наше радио другарување, се само дел од нашата мисија. Им благодариме на сите за довербата, соработката и заедничкото обединување околу спортот сите овие години.

Share.

Leave A Reply