15 години од Освојувањето на титулата на Комепат ЃП

0

19-ти мај 2002 година останува како ден кој засекогаш останува испишан со златни букви во историјата на македонскиот спорт. На денешен ден, пред 15 години, беше гордост да за биде Македонец, на радоста и немаше крај, затоа што женскиот ракометен клуб Кометал Ѓорче Петров ја донесе првата европска титула во нашата земја, откако го крена престижниот пехар во Лигата на шампионите.

Тукму на овој ден во 2002 година, Кометал Ѓорче Петров во мечот за титула го совлада тимот Херц (26:22) и направија секој човек во нашата држава да слави, а најмногу славеа оние кој го сакаа ракометот кој и тогаш и сега останува спорт во кој Македонија го има единствениот Европски шампион.

Првиот меч кој што се играше во Унгарија заврши со пораз од два гола на Кометал ЃП (25:27), но нашиот тим на реваншот во ракометната тврдина „Кале“ успеа да победи со 26:22 и да донесе голема радост за нашата земја, прва во историјата. Екипата на Кометал ЃП предводена од капитенот Гордана Нацева, Индира Кастратовиќ, Валентина Радуловиќ, Олга Бујанова, се само дел од тимот на Александар Панов кој станаа хероини за целата нација.

И по 15 години, Македонија има ракометни тимови со кои се гордее. Но, она што се случуваше со настапот на Кометал ЃП засекогаш ќе биде во сеќавањето на љубителите на ракометот во нашата земја. На ракометарките на Вардар им останува предизвикот за да го повторат тој успех и повторно да ја израдуваат Македонија, како што беше пред 15 години.

Share.

Leave A Reply