150 милиони евра од Реал за Азар

0

Реал (М) подготвува понуда вредна 150 милиони фунти за една од најголемите ѕвезди на Челзи, белгискиот репрезентативец Еден Азар.

“Кралевите” се разделија со Кристијано Роналдо и бараат негов заменик, а Белгиецот совршено се вклопува во концептот на тимот на Лопетеги. Тој исто така инсистира управата да го обезбеди Азар ова лето.

Интересно е дека Белгиецот е трансфер цел не само на “кралскиот клуб”, туку и на Барселона, па допрва ќе се види кој од двата тима ќе ја добие битката за него. Проблем плус за двата тима е тоа што Челзи нема намера да се откаже од него, особено откако го промени тренерот.

Share.

Leave A Reply