17 тројки во едно полувреме, нов НБА рекорд

0

Голден Стејт синоќа на средбата со Чикаго на гостински терен постави уште еден НБА рекорд. Имено, во првото полувреме кое тимот го доби со предност од 42 поени, кошаркарите на тимот од Калифорнија реализираа неверојатни 17 тројки и тоа од 27 обиди.

Претходниот рекорд им припаѓаше на кошаркарите на Кливленд, чии играчи постигнаа 16 тројки во првите две четвртини на натпревари во 2016 година.

Голден Стејт е лидер на Западот откако во првите 8 натпревари од редовната сезона има 7 победи и само еден пораз.

Share.

Leave A Reply