21 нордиец допингуван на последното СП во Австрија

0

Група од 21 спортист од осум земји и пет спортови се осомничени за кршење на допинг правилата за време на светското првенство во нордиско скијање кое се одржа во Австрија.

Државниот обвинител од Минхен, Каи Грабер, вчера го објави списокот на осомничени скијачи. Веќе десетина апсења се направени, а меѓу обвинетите се и Макс Хауке и Доминик Балдауф од Австрија, Алексеј Полотанин од Казахстан и естонското дуо Карел Тамарв и Андреас Верпалу.

Полицијата тврди дека пресекла меѓународен допинг прстен со апсења и во Ерфурт во Германија. Тие вклучуваат и лекар обвинет дека бил мозокот на допинг шемата.

Share.

Leave A Reply