Останаа уште две празни места за ¼ финалето во Лигата на шампионите, а тие две места  ќе бидат пополнети вечерва со последните 1/8 финални натпревари кои ќе се играат во Истанбул и Барселона.

Вечерва во 18:00 часот ќе биде одигран реванш средбата меѓу Бешикташ и Баерн од 1/8-финалето во Лигата на Шампионите. Натпреварот треба да биде чисто формален, бидејќи Баварците го поразија својот ривал „Алијанц Арена“ со 5:0. Денес Турците ќе играат главно за нивната чест и ќе се обидат да покажат дека не се само спаринг партнер на гигантот од Германија.

Всушност денешната средба ќе биде шанса за Бешикташ да дојде до првата победа против Баерн во Лигата на шампиони. Во досегашните три натпревари оваа екипа има три порази и тоа без да постигне гол (0:9 гол разлика).

Сепак, задачата на домаќините нема да биде лесна. Баерн е во одлична форма во последно време. Јуп Хејнкес со своите играчи добија 14 од последните 15 натпревари, вклучувајќи ги и последните 5 натпревари во Лигата на шампионите. Освен тоа баварците се тимот кој држи три од рекордните победи (со вкупен резултат од двата натпревари) во ова натпрерварување – 12:1 против Спортинг (Лисабон) во 2008/09, 10:2 против Арсенал во 2016/17 и 7:0 против Шахор (Донецк) во 2014/15

Она пшто може да му даде надеж на турскиот тим е лошата статистика на Баерн Минхен на гостински терен во елиминациската фаза. Германците имаат само 1 победа во последните 10 натпревари на гостински терен во  елиминацискиот дел од ЛШ. Во другите 9 натпревари, тимот забележа 4 нерешени и 5 порази.

Денес домаќините не можат да се псметаат на повредениот Душко Тошиќ и Пепе, а Домагој Вида е казнет поради црвениот картон добиен на „Алијанц Арена” во првиот натпревар.

Тренерот на гостите Јуп Хејкес пак се реши да се лиши од услугите на трајно повредените Кингсли Коман и Мануел Нојер, а Корентен Толисо и Хамес Родригез исто така се под прашање за средбата во Истанбул каде не отпатува и Аријен Робен.

Можни состави:
Бешикташ: Фабри, Гокан, Медел, Неџип, Адријано, Хатчинсон, Толгај, Куарезма, Талиска, Бабел, Негредо
Баерн: Улрихх, Кимих, Зуле, Хумелс, Алаба, Тиаго, Милер, Хамес, Рибери, Вагнер

 

Судија: Мајкл Оливер, Англија

БАРСЕЛОНА – ЧЕЛЗИ

Уште еден натпревар привлекува големо внимание вечерва, а тоа е дуелот меѓу два големи евроски клуба. Барселона го пречекува Челзи во реванш натпревар на својот „Камп Ноу“. Првата средба во Лондон заврши со резултат 1:1, кој дава мала предност на каталонците, но и Англичаните во никој случај не доаѓаат со бело знаме и веруваат дека можат да одат понатаму  и да ги поматат сметки на еден од фаворитите за освојување на титулата во ова натпреварување.

Челзи покажа дека може да игра на нерешено со Барса во првиот натпревар на „Стемфорд Бриџ“’. Играчите на Антонио Конте дури на моменти го надиграа својот ривал, но една грешка помогна на гостите да си заминат со позитивен резултат. Сега лондончани треба да го повторат настапот, а можеби ќе треба да покажат и нешто повеќе, ако сакаат да се справи со Меси и друштвото и да се пласираат понатаму.

Двата тима добро се познаваат, бидејќи во последниве години честопати се среќаваат еден против друг. Ова ќе биде 14-ти натпревар меѓу нив во ова натпреварување, има само две други ривалства со повеќе средби меѓу двата тима – Баерн – Реал Мадрид (18 натпревари) и Барселона – Милан (15 натпревари).

Статистичките податоци, сепак, покажуваат дека англискиот шампион има реални шанси денес да одигра добро во Барселона. Челзи не загубил од Барселона во последните 6 натпревари помеѓу двата тима во Лигата на шампионите (2 победи и 4 нерешени натпревари). Сите четири нерешени беа постигнати на „Камп Ноу“.

Од друга страна, сепак, постои и нешто друго што вели дека досега, 68% од случаевите кога првиот натпревар заврши со резултат од 1: 1, домаќинот одел понатаму.

Во Барселона има само еден прашалник и е поврзан со ветеранот Андрес Иниеста. Последните информации се дека има шанса тој да игра вечерва, но тренерот Ернесто Валверде најави дека ќе го пушти на теренот, само ако е сигурен дека играчот е подготвен 100%.

Гостите пристигнаа во Шпанија без повредените Рос Баркли и Давид Луиш. Сите други играчи на Антонио Конте се здрави и тој ќе може да го избере најдобриот тим.

Можни состави:
Барса: Тер Штеген, Роберто, Пике, Умтити, Алба, Паулињо, Ракитич, Бускетс, Иниеста, Суарез, Меси
Челзи: Куртоа, Рудигер, Кристенсен, Аспиликуета, Фабрегас, Канте, Алонсо, Моузес, Вилијан, Педро, Азар.

Судија: Дамир Скомина, Словенија

 

Share.

Leave A Reply