26 позитивни на коронавирус во МЛС лигата

0

Американската фудбалска лига (МЛС) објави дека 20 фудбалери и шест лица кои се во тренерскиот штаб на екипите од Лигата, имаат позитивни тестови за коронавирус. Веста беше објавена на само 10 дена пред продолжувањето на првенството во САД, кое е закажано за 8 јули.

Вкупно се тестирани 668 играчи од 4 јуни, кога екипите продолжија со тренинзите. Продолжувањето на првенството ќе се случи во форма на турнир закажан за периодот од 8 јули до 11 август во Флорида. 18 лица беа со позитивни тестови при првиот преглед, а од синоќа има уште два, што се од последните екипи што пристигнаа. И двата позитивни теста се на фудбалерите.

„Тестовите ќе продолжат. Сите играчи, тренери или персоналот на клубот, кои имаат позитивни тестови ќе биде изолирани за време на престојот во Орландо на турнирот, тие ќе бидат во посебна просторија во хотелот, каде што ќе имаат секојдневно следење и грижа. Тие ќе бидат опслужени од далечина и нивните симптоми исто така ќе бидат следени“, се вели во соопштението на Лигата.

МЛС лигата ќе се игра турнирски, а ги опфаќа сите 26 екипи, кои ќе бидат поделени во 6 групи. Екипите мора да одиграат три натпревари во своите групи за 16 дена. Првите две од секоја група, како и првите четири третопласирани екипи, ќе се пласираат во четвртфиналето. Во елиминациите во случај на нерешено во редовно време ќе има директено изведување на пенали, нема да се играат продолженија.

Share.

Leave A Reply