Вардар им се враќа на победите во ЛШ

0

Ракометарите на Вардар попладнево (17.30 ч) ќе го одиграат новиот меч од групната фаза во Лигата на шампионите. Во Скопје гостува екипата на Мешков Брест, против која пред само неколку дена, Вардар со вториот тим загуби на гостувањето во Белорусија.

Денеска, Роберто Гарсија Парондо и неговите избраници имаат шанса да им се вратат на победите и тоа во елитното натпреварување, во кое водат битка за првото место на табелата во групата „А“ заедно со Барселона и Киелце.

Мешков Брест, е тим кој ни е добро познат, а во последните две-три години редовно го напушта Скопје поразен. Единствен проблем за Парондо е суспензијата на Вуко Борозан, на чие место пак ќе настапи Кристијан Дисингер.

Share.

Leave A Reply