Филип Миркуловски останува верен на германски Вецлар и во наредните три години. Откако се пресели во Германија во 2015 година, Миркуловски „фати корен“ во тимот и таму ќе остане да ја заврши својата играчка кариера.
„Среќен сум што ќе бидам дел од овој тим и во следните сезони. Тука сум веќе четири години, заедно со моето семејство се чувствуваме како дома. Горд сум што имам шанса да продолжам да играм за Вецлар, кој има одлични фанови. Се надевам дека во иднина ќе продолжиме да растеме во одличен тим, ќе дада се од себе за Вецлар“, рече Миркуловски.