Еден од оние кои го одбележаа првиот натпревар на Македонија на ов СП е голманот на нашата репрезентација, Борко Ристовски кој имаше 19 одбрани и со тоа не им дозволи на противничките играчи да се надеваат на позитивен резултат.
„Резултатот кажува едно, но натпреварот беше далеку од лесен, иако победивме со голема разлика, Јапонија не намачи, видовте како трчаат, доста се физички подготвени и малку се незгодни во тие напади еден на еден, а посебно во транзицијата брз центар, контра и полуконтра. Можеби половина од головите ни ги дадоа од брз центар и полуконтра и тоа е еден показател каде треба да поработиме Кога се ќе се собере една убава победа и многу важна за самодоверба кај помладите ракометари“ – вели Ристовски
„На натпреварот со Бахреин ќе се потрудиме да одиграме многу поквалитетно и да го решиме натпреварот порано за да може да им дадеме повеќе шанса на помладите да добијат поголема минутажа. Задоволен сум од моите одбрани, јас сум релативно искусен со моите настапи на големите натпреварувања и се додека имам сила ќе гледам да давам максимум на секој натпревар“ – истакна голманот на нашата репрезентација Борко Ристовски.