Вториот домаќин на светското првенство во ракомет, селекцијата на Германија, не успеа да и се приклучи на Данска во големото финале, откако вечерва во Хамбург претрпе пораз од селекцијата на Норвешка со 30:25. За првпат во историјата на Мундијалите ќе гледаме скандинавско финале во битка за светскиот ракометен трон.
Најефикасни во германскиот табор беа Гензхајмер со седум и Бем со шест гола, а кај Норвешка се истакнаа Род со 7, Мирхол и Сагосен со по 6 погодоци.
Финалниот дуел се игра в недела, додека за утре се закажани натпреварите за пласман од 5 до 8 место.