Шкендија славеше на дербито со нов спорен момент

0

Фудбалерите на Шкендија славеа со 1:0 на дербито со Вардар на отворањето на пролетниот дел од домашната фудбалска сезона. Исто како на првиот натпревар во Скопје, и на денешниот дуел во Тетово имаше спорен момент.

Денеска во Тетово при очигледна судиска грешка на Вардар не му беше признат чист погодок за израмнување. Домашните поведоа со голот на Имери во 23. минута, а со ударот на Најдобски во 40. минута Вардар требаше да израмни, но иако топката со цел обем ја мина гол-линијата судиите не го признаа погодокот.

На останатите денешни дуели беа постигнати следниве резултати:

ПМФЛ – 19. КОЛО (денеска, 14 ч.)

СИЛЕКС – ШКУПИ                               2-2

РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА                     1-1

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР                          1-0

АК. ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП       3-0

ПОБЕДА – БЕЛАСИЦА                         1-1

На табелата по ова коло Шкендија е лидер со 43 бода, пред Вардаркој има 35 и Академија Пандев со 33 бода.

Share.

Leave A Reply