Манчестер Сити му гостува на Шалке во приот 1/8 финален меч од ЛШ

0

Во вториот вечерашен натпревар, во Гелзенкирхен на „Фелтинс Арена“ домашниот Шалке го пречекува Англискиот гигант Манчестер Сити кој ќе се обиде да го реши исходот на судирот со Шалке уште вечерва на ова гостување во првиот 1/8-финален меч од Лигата на шампионите.

„Граѓаните” се тотален фаворит, а оваа улога беше призната дури и од менаџерот на оваа екипа Пеп Гвардиола. Од почетокот на 2019 година Манчестер Сити играше 12 натпревари, победи на 11 од нив и постигна 46 гола. Во исто време Шалке има една тешка и торбулентна сезона и се блиску е до зоната за испаѓање. Во составот на двете екипи има играчи кои биле во противничкиот состав. Најсвеж е примерот на Сане и Илка Гундоган кои имаат силна врска со Гелзенкирхен.

Домаќините ќе настапат без Маскарел, кој е казнет поради акумулирани жолти картони. Тренерот Доменико Тедеско, исто така, нема да смета на повредените Лангер, Ленце, Ритер, Голер, Шопф и Емболо.

Проблемите на Гвардиола на оваа тема се помали. Мечот во Германија ќе го пропушти Браво и Менди, а неизвесни за настап се Компани, Жезус, Мангала и Стоунс.

Двата тима досега се имаат сретнато во КПК и Купот на УЕФА, а сега ќе играат и во трето различно натпреварување, Лигата на шампионите.

Очекувањата на експертите се дека англискиот тим ќе дојде до победа и ќе се пласира во ¼ финалето каде минатата година загуби од Ливерпул.

Можни состави:
Шалке: Ферман, Калиџури, С.Сане, Настасиќ, Ошипка, МекКени, Бенталеб, Матондо, Ут, Конопјанка, Бургштајлер.
Манчестер Сити: Едерсон, Лапорт, Стоунс, Отаменди, Вокер, Д.Силва, Фернандињо, Гундоган, Л.Сане, Агуеро, Стирлинг.

Натпреварот кој ќе се игра на „Фелтинс Арена“ ќе го суди Дел Черо од Шпанија.

Share.

Leave A Reply