Довчерашниот капитен на екипата на Металург, Мартин Велковски, од денеска е нов ракометар на Еурофарм Работник. Тој е второто репрезентативно засилување за битолскиот клуб.
Велковски потпиша договор со Еурофарм Работник во период од 4 години. Десниот бек ќе биде четврто засилување по Митревски, Маџовски и Ратајац. Велковски е ракометар кој има искуство од настапи во Лигата на шампионите и СЕХА лигата и ќе биде од голема помош за Еурофарм Работник. На оваа позиција во екипата се уште и Стјепановиќ и Михајло Петровски.