Европскиот шампион беше на прием во Агенцијата за млади и спорт

0

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, денеска организираше прием за младиот Бесир Алили кој стана Европскиот кадетски првак во борење.

„Сакам да им честитам на сите што се заслужни за големиот успех на овој спорт кој секогаш знае да не израдува со големи успеси. Тоа покажаува дека ние максимално им посветуваме внимание на младите спортисти и дека имаме одреден бенифит. Јас ќе му предложам на советот за спорт да одвои еден милион денари како награда за Алили и за неговиот тренер“ – потенцираше Каевски.

Бесир Алили кој оствари огромен успех со освојувањето на златниот медал на Европското првенство во борење за кадети кое се одржа во Фиренца, Италија, потенцираше дека тоа е за него само почеток и дека има големи планови за наредниот перид. Алили кој се натпреваруваше во слободен стил во категоријата до 48 килограми го донесе првиот златен медал за нашава земја од Европските кадетски шампионати. 

Share.

Leave A Reply