Доминацијата на Мерцедес во првиот дел од тековната сезона не се должи на гумите на Пирели, изјави шефот на компанијата, Марио Изола.
Снабдувачот на гуми во Формула 1 воведе потенки модели кои беа тестирани во 2018 година во Шпанија, Велика Британија и Франција (Мерцедес освои две од споменатите три трки). Во тековнава година „Сребрената стрела“ има остварено 10 победи во 12 трки од кои дури во осун наварата двата возача на Мерцедес се искачија на првото и второто место на пиедесталот.
„Очигледно Мерцедес се многу брзи, но, може да се запрашаме што се случува и со Мекларен? Торо Росо и Рено исто така достигнуваат одлични брзини. Значи, има и други екипи кои добро ги одбираат перформансите на гумите“ – вели Изола.