Црномурестиот фудбалер замина за Турција

0

Англискиот фудбалски состав, Тотенхем, се раздели со француското крило Кевин Нкуду, објавија денеска медиумите. 24-годишниот фудбалер ќе ја продолжи кариерата во Бешикташ а двата клуба набрзо треба да го објават договорот.

Лондончаните сега ќе добијат 5 милиони евра и процент од наредната продажба а самиот фудбалер ќе биде врзан четири сезони со екипата од Турција. Нкуду не се наметна во редовите на  „Спарси“ а остави блед впечаток и со настапите како позајмен во Монако откако одигра  само три натпревари во Лигата 1.

Тој претходно краток период помина и во екипата на Барнли. Нкуду со тимот на Бешикташ ќе може да игра во Лигата на Европа.

 

Share.

Leave A Reply