Ветеранот Марко Сторари е новото засилување на голманската позиција на Милан, соопштија од клубот. 40-годишниот фудбалер доаѓа на позајмица до крајот на сезоната од екипата на Каљари.
Тој беше доведен на „Сан Сиро“ со идеја да биде резерва на супер-талантот Џанлуиџи Донарума. Од почетокот на сезоната Сторари има 16 натпревари во сите натпреварувања.
Марко е почитуван во Милан, затоа што веќе го носеше дресот на „росонерите“ во периодот од 2007 до 2010 година. Во овој период тој имаше само 13 натпревари и прими 17 гола.