Денеска и официјално се отвора новата сезона во регионалната ракометна СЕХА лига. Во пресрет на својот прв меч во новата сезона, денеска на прес-конференција се појави бранителот на титулата Вардар, предводен од новиот стратег Давид Писонеро.
За првиот дуел кој „вардарци“ го играат утре против Пекинг Спорт Универзитет, Писонеро вели:
„Среќен сум што официјалниот старт на сезоната го имаме во Скопје. Секој меч е важен за нас, го анализиравме Пекинг, и се фокусираме на новиот ривал. Се надевам дека ќе ја подобрите играта и ќе изгледаме на ниво повисоко отколку на Супер Глоуб, но тоа ќе се види најубаво на теренот“, изјави Писонеро.
Средбата со Пекинг Спорт Универзитетс е игра утре во „Јане Сандански“ со почеток од 20:45 часот.