41-годишниот Роси ќе има нов шеф во екипата

0

Италијанецот, Валентино Роси, ќе направи одредени промени во неговиот личен тим се со цел да дојде до јубилејната 10-та титула во Мото Гран при шампионатот.

Легендарниот возач објасни дека за наредната сезона ќе го ангажира Давид Муноз на местото на Силвано Галбусер. Муноз работел главно во помалите класи Мото 2 и Мото 3 и нема искуство во кралската класа.

„Дејвид е многу млад и има добри идеи. Го познавам и веднаш се сетив на неговото име откако Силвано и јас решивме да ја прекинеме соработката” – рече Валентино. Што се однесува до иднината на Галбусер, тој ќе остане дел од Јамаха, но, ќе работи за тест-тим.

Share.

Leave A Reply