Ракометарите се собраа во Скопје и веднаш заминаа за Турција

0

Селекторот, Данило Брестовац, се определи во рамките на ЕХФ неделата и мечевите со Турција и Италија, да им даде шанса на младите ракометари за да се наметнат за „А“ селекцијата.

„Сите репрезентативци тренираат, но, немаат минутажа и тоа е катастрофа. Имаме проблеми, затоа сакаме да играме што е можно повеќе натпревари. Сакам да ги проверам младите играчи, ми требаат храбри и борбени кои ќе донесат цврстина во одбрана. Се надевам дека од нив ќе можеме да добиеме репрезентативци кои ќе може да играат на високо ниво“ – вели Брестовац.

„Мора да внесеме свежа крв во репрезентацијата, ако не го направиме тоа, за две години може да бидеме во тешка дупка. Затоа закажавме повеќе пријателски мечеви иако ни беше тешко да најдеме добри противници“ – вели селекторот Брестовац. Македонија по мечевите во Турција ќе одигра и два тест дуела во Скопје против селекцијата на Грузија.

 

Share.

Leave A Reply