Нашиот ракометен репрезентативец, Мартин Поповски, на денешниот брифинг со новинарите, нагласи дека мораме да ја заборавиме Чешка и да се насочиме кон Австрија.
„Знаевме дека ќе ни требаат две победи за пласман понатаму. Сега сме во ситуација со победа од два гола да бидеме први во групата. Мислам дека Австрија повеќе ни одговара отколку Чешка„ – потенцираше Мартин Поповски.
„Мораме добро да го отвориме мечот и да го префрлиме протисокот врз домаќинот. Вчерашниот пораз од Чешка придонесе преку социјалните мрежи да се упатат бројни критики, па дури и навреди на адреса на ракометарите. Не ги гледаме тие работи бидејќи настојуваме да останеме максимално фокусирани“ – вели Мартин Поповски.