Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, на денешната прес конфренција в пресрет на натпреварот со Ливерпул, упати мала провокација кон противникот.
Норвежанецот алудираше на фактот дека „црвените“ чекаат 30 години за да се израдуваат на титулата. Солскјер верува дека тоа нема да се случи со „црвените ѓаволи“.
„Нивната судбина треба да ни биде лекција. Тие неколку пати беа блиску а ние не можеме да си дозволиме да чекаме уште 24 години. Сигурен сум дека нема да биде така“ – вели тренерот од Норвешка.