Добар настап на КБК Работнички во Карловац

0

Во текот на изминатиот викенд, во периодот од 7ми до 9ти февруари 2020, КБК Работнички Адора зема учество на реномираниот меѓународен Кик Бокс турнир „Karlovac Open 2020“.  Ова е втор меѓународен турнир накој што клубот учествува со свои натпреварувачи, од неговото основање, во декември 2019 година. Турнирот учество земаа 2.240 натпреварувачи од вкупно 40 земји.

Претставниците на КБК Работнички ги остварија следниве резултати: Марко Тодоров – Постари кадети, Кик лајт/ -42кг – Златен медал,  Огнен Николовски – Постари кадети, Кик лајт/ +47кг – Бронзен медалЃуро Томшиќ – Постари кадети, Кик лајт/ -47кг, 5то место, Александар Георгиевки – Јуниор, Кик лајт/ -74кг – Бронзен медалБогдан Бетински – Сениори, Кик лајт/ -74кг  – Бронзен медалПетар Гишев – Сениори, Кик лајт/ -63кг – Сребрен медал.

Нашиот тим беше предводен од двајца тренери и македонски кик бокс репрезентативци, Димитар Ѓорѓиев (освојувач на турнирот во 2016 година, дисциплина  Лоу Кик) и Ненад Манојловски (освојувач на турнирот во 2009 година, дисциплина Лоу Кик).

 

 

Share.

Leave A Reply