Тенисерката, Габрине Мугуруза, која има венецуелско потекло а настапува со шпански пасош, ќе биде дел од главната шема на силниот турнир во Дубаи.
Финалистката на годинешното издание на Австралија Опен доби специјална покана од страна на органзиаторот и затоа ќе им се приклучи на шест од десетте најдобри на ВТА листата кои ќе настапат во Обединетите Арапски Емирати.
Тоа се: Симона Халеп, Каролина Плишкова, Елина Свитолина, Белинда Бенчиќ, Софија Кенин, Кики Бертенс. Турнирот ќе се игра од 17 до 29 февруари.