Вардарци во лоша клупска атмосфера го чекаат Мотор

0

Тренерот на ракометарите на Вардар, Стевче Алушовски, пред мечот со Мотор Запорожје во ЛШ, вели дека сите се свесни за актуелната ситуација и дека дека тие што се во тимот ќе дадат се да обезбедат победа.

Не очекува тешка средба. Имаме проблеми со играчкиот кадар, но, играме на домашен терен. Мотор е сериозна екипа која ќе дојде со амбиции да победи, но, ние сме тим кој е актуелен европски првак и играме на домашен терен па се надевам на најдоброто“ – изјави Алушовски на денешниот прес. Капитенот на европскиот ракометен шампион Вардар, Стојанче Стоилов, нагласи дека клубот во многу лоша атмосфера и без првата ѕвезда, Даинис Крстопанс, го очекува саботниот  меч на домашен терен против Мотор Запорожје во Лигата на шампионите.

„Си замина значаен играч, да бидеме реални, Вардар не е иста екипа без него. Се надевам пред полна сала ќе бидеме мотивирани и ќе одиграме добар меч. Проблемите не се нешто ново за нас, долго време ги имаме, но, проблемот е што никој ништо не кажува и никој ништо не знае. Не може да ги обвинуваме играчите кои си заминаа. Трагичното е што ние сме актуелен европски шампион а односот кон нас е смешен“ – вели капитенот на „црвено-црните“.

 

Share.

Leave A Reply