Клубовите треба да се изјаснат до петок

0

На денешниот состанок реализиран преку конференциска видео-врска со десетте клубови кои се дел од Првата лига-мажи, беше донесен заклучок, во текот на денот, федерацијата да ги добие сите предлози од страна на клубовите и за кратко време да донесе конечно решение.

Тоа значи до  20.март (петок), до 12.часот, претставниците на десетте клубови од Првата лига-мажи, во писмена форма, да ги достават своите размислувања, предлози, сугестии, барања кои се поврзани со понатамошното функционирање на нашето најквалитетно натпреварување. По разгледувањето на ставовите на прволигашите, во најкраток рок, во координација со ФИБА, раководството на КФСМ ќе донесе конечна одлука.

Според расположението на клубовите и реалните услови, шампионат најверојатно нема да продолжи и ќе биде прогласен предвремен крај на сезоната

 

Share.

Leave A Reply