Нашиот репрезентативец, Дамјан Стојановски, е прогласен за МВП во домашни рамки според изборот на „Евробаскет“ – специјализираниот кошаркарски веб-сајт.
Капитенот на МЗТ Скопје е потенциран за играч на годината во Првата лига. Ѓорѓе Џелетовиќ од Гостивар кој ја понесе и наградата за најдобар центар е прогласен за најдобар интернационалец. За најдобар тренер е издвоен Ѓорѓи Кочов од МЗТ Скопје додека како најдобар дефанзивец е потенциран играчот на Работнички, Марјан Младеновиќ.
НАЈДОБРА ПЕТОРКА: Марјан Младеновиќ (Работнички), Еван Пејн (Кожув), Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје), Бојан Крстевски (МЗТ Скопје) и Ѓорѓе Џелетовиќ (Гостивар)