Србинот ќе остане на „Олд Трафорд“

0

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ, потпиша нов договор до летото во 2023 година , објави познатиот новинар, Ди Марцио.

Се уште нема потврда  од клубот, но, во последниве месеци 31-годишниот Матиќ е постојан стартер кај Оле Гунар Солскјаер и настапува на многу високо ниво. Тој е еден од најзаслужните за серијата од 16 натпревари без пораз за „црвените ѓаволи“.

Српскиот играч од средниот ред игра за Јунајтед од 2017 година. Матиќ  во сезонава има  27 натпревари во сите натпреварувања со ефект од еден гол и три асистенции.

 

Share.

Leave A Reply