Леонард не се согласува со изјавите на големите НБА ѕвезди

0

Откако кошаркарот, Леброн Џејмс, го спореди кампусот во Орландо со затвор и потоа доби критики од навивачите, неговиот колега од  Мајами Хит, Мајерс Леонард, вели дека не разбира зошто ѕвездите во НБА се жалат на условите во  кој ќе се одигра завршницата од сезоната.

28-годишниот кошаркар истакна дека играчите добиваат милиони долари за да го реализираат тоа што го сакаат додека  војската добива многу помалку пари иако е изложена на многу поголеми опасности.

„Прво, добивам милиони долари за да играм кошарка – нешто што го сакам. Второ, брат ми помина девет месеци во Авганистан за многу помалку пари. Разликата е во тоа што ние ќе останеме во кампусот најмногу три или четири месеци … Да, животот не е лесен, но, зошто да се жалиме? “ – вели младиот играч на Мајами.

Share.

Leave A Reply