5 градови останаа во конкуренција за домаќин на завршниот турнир

0

Манчестер, Токио, Сингапур, Торино и досегашниот домаќин Лондон, влегоа во најтесниот избор за домаќин на завршниот тениски турнир под капата на – АТП кој од 2009 година се одржува во Лондон.

Актуелниот договор на британскиот град е валиден до 2020 година што значи дека светската тениска асоцијација допрва ќе го одреди домаќинот започнувајќи од 2021 година. Одлуката ќе биде однесена догодина во март.

Токио се издвојува како голем фаворит бидејќи јапонската компанија –„ Нито“ е спонзор на настанот. Големиот тениски собир на крајот на годината во просек го пренесуваат околу 180 телевизии а го гледаат околу 90 милиони луѓе.

Share.

Leave A Reply