50 години од првиот „Златен гонг”

0

Од утре до сабота во Скопје ќе се одржи најновото издание на боксерската ревија „Златен Гонг“, по тој повод денес во Агенцијата за млади и спорт беше одржана прес-конференција.

„Јубилејот од половина век период од одржувањето на првата боксерска манифестација го става “Златен гонг” на позиција на македонски спортски бренд“, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски на прес конференција во АМС.

Тој додаде дека оваа манифестација дава посебен допринос во развој на македонскиот спорт благодарение на напорите на боксерската федерација, но и благодарение на освојувачите на златниот гонг низ годините што изминаа, а кои боксуваа за нашата држава: Вели Мумин, Аце Русески, Мустафа Алија, Реџеп Реџеповски, Гоце Јаневски, Примислав Димовски.

На прес конференцијата свое излагање имаше и секретарот на боксерската федерација Бранко Илиевски, како и селекторот на македонската боречка репрезентација Хесус Сојет.

Манифестацијата ќе се одржи од 07-09 ноември во спортскиот центар “Борис Трајковски”, со учество на 8 држави. Нашата репрезентација ќе настапи со четири боксери.

Share.

Leave A Reply