Викендов на патеката Матка крај Скопје ќе се одржи јубилеен 50-ти кајак слалом ИКАС. Со учество на рекорден број на учесници, в сабота и в недела, Скопје ќе биде домаќин на престижната манифестација на која се очекуваат гости од над 14 европски земји.
Со оглед на тоа што пријавувањето е се уште во тек, се уште не се знае конечниот број на учесници на трката. В сабота во утринските часови се планирани квалификациите, додека в недела ќе биде и главниот натпревари. На прес-конференцијата во Агенцијата за млади и спорт, директорот Каевски зборуваше за реномето на настанот.
„Организацијата и поддршката на 50. ИКАС која е втора најстара ваква манифестација само ја потврдува нашата заложба за продолжување и поддршка на традицијата. Настаните од ваков тип се безрезервно поддржани од АМС. Не само поради важноста за македонскиот кајак, туку и за промоција на Македонија. Ги поканувам сите овој викенд да дојдат на Матка и да ги поддржат македонските кајакари и сите гости“, изјави Каевски.