50-иот ИКАС ќе биде најбројниот досега

0

Годинешниот јубилеен 50-ти кајак слалом ИКАС ќе се одржи на 7 и 8 април со учество на рекорден број на учесници. На прес-конференцијата одржана денеска на која Кајакарската федерација ги објави плановите за 2018-тата година беше потврдено дека учесници од 14 земји веќе пријавија свој настап на Илинденскиот кајак слалом, но до затворањето на пријавата (5 април) се очекува нивниот број да се зголеми.

Првиот човек на Кајакарската федерација, Атанас Николовски, вели дека патеката е подготвена за големиот настан, но и сите останати кои се во календарот на нашата федерација за оваа година.

„На овој ИКАС до сега се пријавени 14 земји учеснички. Очекувам да стигнеме до 18 нации кои со свои натпреварувачи ќе дојдат во Скопје. Со оглед на тоа што е 50. издание, очекуваме да биде и најбројниот досега. Од 1 април ги очекуваме првите гости, талентираните кајакари од Европа, кои ќе учествуваат на кампот во Скопје. Остантите ќе пристигнуваат по 4 април“, вели Николовски.

И годинава ИКАС натпреварот е поддржан од Агенцијата за млади и спорт.

Share.

Leave A Reply