50 талентирани спортисти добија парична помош од Општина Аеродром

0

Оштината Аеродром се одлучи да им помогне на младите и талентирани спортисти од оваа општина со еднократна парична помош, а по тој повид распиша повик на кој се пријавија голем број на млади и талентирани спортисти.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин и претседателката на Советот на Општина Аеродром, Ивана Цветковска, вчера во спортскиот центар „Ново Лисиче“ на 50 талентирани спортисти од Општина Аеродром им доделија пофалници за високи достигнувања во областа на спортот. Секој од нив добива и еднократна парична помош во износ од по 10.000 денари од Општината.

„Од се срце ви ги честитам сите досегашни достигнувања. Токму вие, со вашиот талент, дух и желба за напредок придонесувате за развој на спортот во нашата општина“, изјави градоначалникот Марин.

„Денеска оттука сакам да им упатиме важна порака на сите млади – верувајте во себеси, развивајте ги вашите таленти, бидејќи вие сте нашата иднина“, изјави претседателката на Советот, Ивана Цветковска.

Оваа мерка е признание за досегашните успеси на младите и поттик за понатамошен развој. На овој начин Општина Аеродорм им овозможува подобри услови за напредок и ги мотивира да продолжат да ги реализираат своите таленти.

Share.

Leave A Reply