Свјонтек го освои Париз

0

Младата 19-годишна тенисерка од Полска, Ига Свјонтек, дојде до првиот пехар во кариерата и тоа на еден од четирите најголеми турнири.  Таа славеше во Париз на Роланд Гарос откако со 2:0 во сетови 6:4 и 6:1 да ја совлада Софија Кенин (САД).

За овој триумф таа ќе добие 2.000 поени, премија од 1.600.00 евра, како и скок од 35 места односно од понеделник ќе биде 19 тенисерка на ВТА ранг-листата.

Финалето во машка конкуренција меѓу Новак Ѓоковиќ и бранителот на пехарот, Рафаел Надал, ќе биде одиграно в недела од 15.00 часот.

Share.

Leave A Reply