Ракометната федерација реши да ги стави во митување сите активности поради новите општи протоколи за организација на спортски натпревари во услови на пандемија на Ковид-19.
РФМ досега во целост ги покриваше тестирањата на екипите и тоа по принципот еднаш седмично. Сега со новите протоколи тоа е невозможно бидејќи е предвидено тестирање пред секој натпревар.
Ракометната федерација соочена со новите протоколи објави дека набрзо ќе донесе одлука кога и како ќе продолжат натпреварите.