Ракометарите на Еурофарм Пелистер со денешните два тренинга ги започна подготовките за вториот дел на сезоната. Во тимот ги нема репрезентативците на Македонија, Црна Гора и БиХ кои имаат активности со нивните селекции.
Битолчани две недели ќе работат во спортската сала „Јован Калаузи“ во Битола а потоа во зависност од мерките и протоколите во земјата и соседството ќе одлучат каде продолжат да ја темпираат формата. Приоритет се домашните пехари, Ф4 во СЕХА Гаспром лигата и пласман во нокаут-фазата на Лига Европа.
Првиот натпревар во 2021 година, екипата на Еурофарм Пелистер ќе го одигра на шести февруари против ППД Загреб во СЕХА лигата а три дена подоцна ќе се сретне со Татабања во Унгарија во Лига Европа.