Ангеловски останува селектор

0

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија го потврди новиот договор со селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски.

– Со Игор лесно се договоривме за сите детали околу продолжување на соработката бидејќи и кај него и кај нас владееше позитивно расположение. Ние сме професионалци и знаеме дека добрите резултати даваат поголема шанса за задржување на некоја позиција. Горди сме на сѐ што направивме како репрезентација и федерацијата ќе продолжи да обезбедува најдобри услови за работа, како што впрочем беше и досега“ – изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

– Благодарност до претседателот на федерацијата и Управниот одбор за довербата. Како што ветив и пред јавноста, сѐ она што ми беше понудено во форма на договор го прифатив а националниот го ставив пред личниот интерес. Благодарност до капитенот, фудбалерите од репрезентацијата и јавноста за поддршката“ – изјави селекторот Ангеловски.

Share.

Leave A Reply