Сејдини одговори на соопштението од АМС

0

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Муамед Сејдини, денеска на прес – конференција ги изнесе ставовите на ФФМ по повод известувањето од Агенцијата за млади и спорт и уважената тужба на Фудбалската федерација на Македонија.

„Најмалку што сакавме во едно вакво време, во денови кога се слави македонскиот фудбал и нашите резултати е да зборуваме за работи кои не се поврзани со играта, лигата или репрезентациите, но некогаш едноставно – немате избор. Во текот на вчерашниот ден и до мене стигнаа шпекулации дека одредени претставници на клубовите од македонската лига се повикувани во државни институции, присилувани да потпишуваат некаква поддршка за бојкот на Генералното Изборно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија, уценувани со поделбата на ваучерите. Шпекулациите одеа дотаму што на големо се споменуваше и името на Премиерот на нашата држава“ – изјави Сејдини.

„Во известувањето од Агенцијата за млади и спорт се вели дека при извршен инспекциски надзор во Фудбалската федерација на Македонија се утврдени низа неправилности спротивно на Законот за спортНаведуваат дека решението било обжалено и после сите институционални и законски процедури и рокови, жалбата беше отфрлена како неоснована од страна на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочна постапка, со што Решението стана правосилно и извршно и против него не е дозволена жалба. Вистина е дека решението на второстепената комисија е конечно и против истото нема право на жалба. Но, има право на тужба против, на овој начин, донесениот управен акт. Фудбалската федерација на Македонија согласно законите поднесе тужба со која поведе Управен спор против државната комисија за одлучување во втор степен во врска со нејзиното Решение“ – потенцираше меѓу другото првиот човек на ФФМ

Share.

Leave A Reply