Следната недела на 13 и 14 февруари, по 56. пат ќе се одржи „Мавровскиот меморијал“. Традиционалната нордиска манифестација и оваа година ќе опфати трки во машка и во женска конкуренција на 10 и 5 километри.
Меѓу гостите ќе има натпреварувачи од 8 балкански земји и тоа: Бугарија, Грција, Турција, Србија, Црна Гора, БиХ, Хрватска и Унгарија.
„Мавровскиот Меморијал е манифестација која ја промовира една од најубавите туристички атракции во нашата држава. И оваа година ќе се потрудиме да бидеме добри домаќини и да го направиме настанот еден од најдобро органзираните на Балканот. Ќе ја искористам приликата да ги поканам сите заинтересирани да дојдат во Маврово и да ги проследат настаните“, истакна на денешната прес конференција, директорот на АМС, Дарко Каевски.