Сите ќе ги слушаат разговорите меѓу судиите

0

Фудбалската Асоцијација на Англија заедно со судиската асоцијација ја разгледува можноста сите разговори меѓу главниот судија, неговите помошници и луѓето во ВАР собата да се слушаат на ТВ преносот при користењето на ВАР техонологија.

ФА верува дека со ваков чекор ќе се зголеми довербата во судиите кои во последните неколку сезони назадуваат на ФИФА и на УЕФА судиската ранг листа.

Во исто време по воведувањето на ВАР технологијата во Премиер лигата, судиски одлуки честопати се на мета на критики од јавноста, од фудбалските легенди и поранешните арбитри.

Share.

Leave A Reply