64 кајакари од 10 држави на 51. ИКАС во Скопје

0

Викендов Скопје ќе биде домаќин на 51. традиционален Илинденски кајак слалом. Во организација на Кајакарската федерација на Македонија, а со подршка на АМС, и оваа година традицијата продолжува на патеката Матка.

На годинешниот ИКАС ќе се појават 64 натпреварувачи од 10 земји кои ќе бидат поделени во 6 категории. Квалификациите се во сабота, а финалните трки в недела.

„И оваа година ќе имаме натпреварувачи од 10 земји кои се во врвот на светскиот кајак. Оваа година имаме амбиции да атакуваме и на првото место. Нашиот натпреварувач Ангелче Петрушевски, кој до минатата година беше пионер, ова агодина како јуниор е член и на сениорската репрезентација, што покажува за каков квалитет станува збор“, потенцираше Коста Ефтимов, претседател на Кајакарската федерација на Македонија.

Share.

Leave A Reply