8-от играч на АТП не сака да биде дел од фондот

0

Италијанецот, Матео Беретини, се осврна на идејата на Србинот, Новак Ѓоковиќ, да се направи солидарен фонд за финансиска поддршка на тие што се рангирани под 100-то место на АТП листата.

Беретини кој се наоѓа во Топ 10,  вели дека идејата е добра, но, дека претпочита да им помага на болниците и на луѓето кои се во компликувана ситуација поради пандемијата со Ковид-19.

„Има многу играчи на кои им треба помош. Планот е многу позитивен и покажува дека тенисерите се грижат за колегите. Сепак, мислам дека треба да им се помогне прво на болниците и медицинските лица“ – изјави Беретини кој летниот период го поминува на Флорида.

Share.

Leave A Reply