90% од тенисерите кои ќе играат на УС Опен веќе се во Њујорк

0

Осумте тенисери кои допатувале во Њујорк за Мастерсот во Синсинати, а подоцна да учествуваат и на годинешното издание на УС Опен се сместени во приватни домови. организаторите потврдија дека дел од главните ѕвезди ќе бидат сместени на неколку локации, додека останатите во еден од двата турнирски хотела каде ќе престојуваат за цело време на оржување на турнирите.

Имињата на тенисерите кои добија сместување во приватни куќи не се објавени, но се претпоставува дека тоа се дел од главните фаворити. Директорот на УС Опен, Стејси Аластер, изјави дека во затворениот меур веќе пристигнале околу 350 играчи, пто преставува околу 90% од оние кои ќе настапат на турнирите.

Откако пристигнале, играчите и нивните членови на тимовите се ставени на тестирање (по два теста за Ковид-19) и задолжителна 24 часовна изолација од еден до друг тест.

Share.

Leave A Reply